Ѕвездата на Барселона Рафиња го прослави својот роденден по големата победа против Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Суперкуп.
Бразилецот на роденденот се појави во костим на Бетмен.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Бразилскиот репрезентативец игра феноменално откако дојде во Барса во 2022 година, а неговата одлична статистика го потврдува тоа.
Тој оваа сезона на 27 натпревари за Каталонците постигна 20 гола и запиша 11 асистенции. Добро му оди и за Бразил, каде на четири натпревари во квалификациите за Светското првенство постигна три гола.