Играчот за врска Андерсон Талиска моментално игра во Бешикташ како позајменн фудбалер од Бенфика и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Талиска оваа сезона на 36 натпревари постигна 16 гола и запиша четири асистенци, а португалските медиуми пренсуваат дека е пред трансфер во Манчестер Јунајтед.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„А Бола“ тврди дека „црвените ѓаволи“ се многу блиску да постигнат договор со Бенфика околу трансферот на Талиска, кој би требало да „тежи“ 35 милиони фунти.
Менаџер на Талиска е познатиот агент Жорге Мендеш, па фудбалерот сигурно нема да има проблеми да постигне договор со Манчестер Јунајтед.
Покрај Јунајтед, за него беа заинтересирани и други клубови од Премиер лигата, но „црвените ѓаволи“ се најконкретни и ја победија конкуренцијата.