Дома Останати Тенис Ѓоковиќ за снимката која се појави во јавност: Беше навистина непријатно

Ѓоковиќ за снимката која се појави во јавност: Беше навистина непријатно

Тенисерот од Србија Новак Ѓоковиќ за прв противник на Индијан Велс го има Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп кој помина понатаму откако Ник Кирјос му го предаде мечот.

Ѓоковиќ со големо воодушевување чека да игра на Индијан Велс.

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


„Постојат неколку турнири кои ми даваат дополнителна мотивација кога ќе станам наутро и размислувам каде сакам да играм најдобро, а Индијан Велс и Мајами секако се на врвот на таа листа“, рече Новак во најавата.

Шпанците го снимија како едвај се движи при влезот во аеродромот, а многумина веднаш помислија дека му се искомплицирала здравствената состојба поради повредата на тетивата поради која мораше да го предаде полуфиналниот меч на Австралија Опен.

„Навистина ми беше непријатно да го видам тоа затоа што при излегувањето од аеродромот го повредив зглобот. Беше тоа рано наутро, околу 4-5 часа и куцав затоа што многу ме болеше. Тоа е се. Луѓето веднаш го поврзаа тоа со повредата и помислија дека нешто пак се закомплицирало, но не беше така”, објасни Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Време ли е за пензија: Кога Ѓоковиќ играше последен пат во толку лоша форма?

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ се наоѓа во многу лоша форма на почетокот…