Брегалница заокружи зад себе повеќе од успешни зимски подготовки како позитивна најава за се што ја очекува во пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.
Под водство на новиот шеф на стручен штаб Илчо Ѓорѓиоски, „сините“ значително ја променија играта, сето тоа потврдено и со резултатската перфекција во Анталија со запишани три победи и едно реми, и гол разлика од 9-1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѓорѓиоски, пред утрешниот прв натпревар од вториот дел од првенството против Ренова, низ анализата за зимските подготовки го потенцира задоволството од сработеното, но како што вели сето тоа останува да се преточи на дело и на официјалните првенствени натпревари.
„Секако задоволни сме од реализираните подготовки во Анталија. Имавме повеќе од квалитетни пријателски натпревари против етаблирани европски клубови со милионски буџети, кои носат еден нов степен на фудбалско искуство за фудбалерите. Задоволството не е само од резултатите, но задоволен сум од пристапот кон играта, начинот на реализација на самите подготовки и од фактот дека фудбалерите веќе ја разбираат мојата филозофија, пристап и очекувања. Но, сето тоа останува зад нас, и сега следи најважното – официјалните првенствени натпревари кои секако се нешто поразлично“, вели Ѓорѓиоски.
Според предводникот на тимот на „сините“, Брегалница низ пролетниот дел од сезоната ќе се води согласно принципот „секој следен натпревар е најважниот“. Утре е првиот најважен против Ренова на Градскиот стадион во Штип.
„Од првиот момент, веќе од првиот натпревар со Ренова, очекувам на терен да се почувствува новиот пристап во тимот. Секако, Брегалница е клуб кој си има свои зацртани цели и амбиции, но воопшто не се залетуваме. Ќе се водиме согласно принципот – секој следен натпревар е најважниот на сезоната, чекор по чекор без потценување но и без преценување на ниту еден противник“ – истакнува шефот на стручниот штаб на Брегалница.
Натпреварот меѓу Брегалница и Ренова од 19. коло во Првата македонска фудбалска лига се игра утре на Градскиот стадион во Штип со почеток од 14 часот. Натпреварот ќе биде директно пренесуван на МТВ и Арена Спорт.
Фото: ФК Брегалница