Поранешната австриска тенисерка Барбара Шет верува дека Србинот Новак Ѓоковиќ ќе биде најдобар играч во историјата, зашто ќе го урне рекордот по број на освоени гренслем-турнири.
Ѓоковиќ сезонава ги освои Австралијан опен, Ролан Гарос и Вимблдон, а на Ју-Ес опен ќе се обиде да ги комплетира сите трофеи од гренслем-турнирите. Последен на кој му успеа тоа е Род Лејвер во 1969 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Србинот ќе се обиде да го урне и рекордот по број на освоени титули, а засега се израмнети со Рафаел Надал и Роџер Федерер.
„Ѓоковиќ ќе биде најдобар во историјата. Без разлика дали ви се допаѓа или не. Ако го освои Ју-Есс Опен ќе има најмногу гренслем-титули. Мислам дека Федерер повеќе нема да освои ниту еден трофеј, а тешко дека ќе му успее такво нешто и на Надал“, изјави поранешната тенисерка.