Дома Останати Тенис Ѓоковиќ со лесна победа го стартуваше турнирот во Рим

Ѓоковиќ со лесна победа го стартуваше турнирот во Рим

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со сигурна победа против Русинот Аслан Карацев го започна турнирот во Рим. Ѓоковиќ славеше победа со 2:0 во сетови, 6:3 и 6:2.

Карацев го загуби првиот гем на свој сервис, но успеа брзо да возврати и да изедначи на 2:2. Во тој период рускиот тенисер даваше солиден отпор и не дозволуваше Ѓоковиќ лесно да ги освојува следните неколку гема. Сепак во осмиот Новак ја искористи втората брејк топка и стигна до 5:3, а потоа на свој сервис со 6:3 го освои сетот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во вториот сет Ѓоковиќ прикажа уште посигурна игра и веднаш поведе со 3:0, до крајот без проблеми стигна до 6:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ започна со припремите за походот по 25. грен слем: Откри и со кого тренира (Фото)

Новак Ѓоковиќ, веќе активно се подготвува во Лондон за Вимблдон. На својот Инстаграм профи…