Дома Останати Тенис Ѓоковиќ го совлада Медведев и ја освои 24. Грен слем титула

Ѓоковиќ го совлада Медведев и ја освои 24. Грен слем титула

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои 24. Грен слем титула во кариерата победувајќи го Данил Медведев во финалето на УС Опен (3:0).

Не знам од каде да почнам, многу ми значи. Морам да кажам, живеам детски сон. Се натпреварувам во спортот кој на моето семејство му даде сè. Дојдовме од тешка ситуација во 90-тите, војни.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Моите родители многу ме поддржуваа, ми дадоа поддшка. Ова е скап спорт, не е достапен за секого. Никој во моето семејство не играше тенис, па малку чуден избор. Имав голема поддршка. Ова е ваш трофеј колку што е и мој. Ве сакам.

Пишувањето историја е нешто посебно. Специјално на секој можен начин. Имав детски сон да бидам шампион и да го освојам Вимблдон. Кога го постигнав тоа, се појавија нови цели. Не верував дека ќе бидам со вас и ќе зборувам за 24. Грен слем титула. Во последните неколку години сфатив дека имам шанса да правам историја.

Ѓоковиќ по победата на себе стави маица со Коби Брајан и бројот 24.

Пред седум дена размислував за дресот, никому не му кажав до пред некој ден. Коби ми беше близок пријател. Многу зборувавме за победничкиот менталитет, како да се вратиме после повреда. Како да се биде на врвот. Тој беше еден од луѓето на кои најмногу сметав, секогаш беше подготвен да ме поддржи. Бевме многу потресени од неговата смрт. Носеше 24 кога стана легенда на Лејкерс, рече Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

После 13 години си заминува креаторот на најголемите успеси на Сити

Чики Бегиристаин, спортскиот директор на Манчестер Сити кој е архитект на сите најголеми у…