Дома Фудбал Италија Шчесни и Перин биле привремени решенија, Јуве на лето тргнува по ѕвездата на Премиерлигашот

Шчесни и Перин биле привремени решенија, Јуве на лето тргнува по ѕвездата на Премиерлигашот

Се чини дека управата на Јувентус има намера наредното лето повторно да го промени голманот.

Да потсетиме, редовите на Старата дама од Торино минатото лето ги напушти легендарниот голман Џиџи Буфон, кој премина во ПСЖ, а на негово место пристигна Војчех Шчесни.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Исто така, Јуве го донесе и Матија Перин како резервно решение, но се чини дека тоа беше само привремено, ако се верува на пишувањата на англиските медиуми.

Како што пренесува Сан, Јувентус наредното лето сака да го донесе голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа. Да потсетиме, на Шпанецот на крајот од оваа сезона му истекува договорот со клубот од Олд Трафорд, а Јувентус е познат по тоа што во последно време донесува играчи бесплатно, откако ќе им истече договорот со клубовите.

Колку во сето тоа има вистина, останува да видиме во наредниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реалов ултиматум до Французите: “Видете, тој мора да игра…”

Бразилскиот напаѓач Ендрик извесно ќе го засили Олимпик Лион во текот на јануари каде што …