Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Милан, Робињо е осуден на 9 години затвор поради учество во силување на една девојка во Милано.
Неговиот адвокат најави жалба, во Италија постојат уште две повисоки судски инстанци, но мала е веројатноста дека одлуката ќе биде променета. Доколку биде потврдена пресудата Италија ќе бара од Бразил изрекување на славнмиот фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега многумина се прашуваат што ќе се случува со Робињо бидејќи во вакви случаи нема спогодби и условни казни.
Робињо може да ја избегне затворската казна ако не ја напушта татковината бидејќи Бразил не ги испорачува своите државјани, па барањето на Италија ќе биде одбиено.
Значи единствен начин Робињо да биде депортиран е да биде фатен во некоја трета земја на основа на потерницата која ќе биде издадена за него. Мора да биде внимателен кога ќе патува во останатите земји од Јужна Америка, а во Европа секако не смее да стапне.
Робињо моментално настапува за Ателтико Минеиро, но тамошните медиуми тврдат дека клубот поради пресудата ќе го раскина договорот.