Дома Видео Што се случи кога последен пат се сретнаа Рамос и Салах?

Што се случи кога последен пат се сретнаа Рамос и Салах?

Љубителите на фудбалот со нетрпение го очекуваат големото финале во ЛШ помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид кое се игра на 26. мај во Киев.

Оваа сезона Лига на шампиони ни понуди многу возбудувања, а завесата ќе се спушти на крајот на месецот со финалниот дуел во Киев помеѓу Црвените и Кралевите. Навивачите на Ливерпул најмногу надеж влеваат во Мохамед Салах кој игра во животна форма, но се чини дека во Реал не се многу плашат од Египќанецот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Серхио Рамос пред неколку дена изјави дека го почитува она што го прави Салах, но дека не се плаши. Дефанзивецот на Кралевите за тоа има добра причина бидејќи против Салах играше во ЛШ пред неколку години додека Египќанецот играше за Рома.

Тогаш Реал во двата натпревари го прегази римскиот клуб, а Рамос го стави Салах во џеб. Сепак, за неколку недели ќе дознаеме дали е време за освета и можат ли Салах и друштво конечно да го запрат Реал Мадрид.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …