Дома Трансфер зона Што прават Американците во Рома: После Тоти и Де Роси „бркаат“ уште еден важен играч за овој клуб?

Што прават Американците во Рома: После Тоти и Де Роси „бркаат“ уште еден важен играч за овој клуб?

Навивачите на Рома покажаа големо незадоволство од она што го прават актуелните сопственици, односно како се однесуваат кон легендите на „волчицата“.

Се започна пред две години кога скоро да го натераа Феранческо Тоти да се пензионира иако тој сакаше да одигра уште една сезона. Слична ситуација се случи на крајот и на оваа сезона, а тогаш во центарот на вниманието беше Даниеле Де Роси.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако целата своја кариера ја помина во дресот на Рома на крајот на оваа сезона клубот не му понуди продолжување на соработката иако тој покажа желба за такво нешто. Му понудија директорско место вк лубот, но Де Роси ја одби таа понуда затоа што сака уште да игра.

После Де Роси на ред дојде Алесандро Флоренци кој исто така е дете на Рома. Флоренци ја доби капитенската лента откако Де Роси го напушти клубот, но изгледа нема да ја носи долго.

„Ил Темпо“ денес објави дека Флоренци би можел да го напушти клубот и дека наводно Рома го ставила на трансфер листата. Како една од прочините се наведува тоа што покажал големо незадоволство од тоа како клубот се однесувал кон Де Роси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…