Дома Фудбал Шпанците размислуваат за прекин на првенството – Атлетико ќе биде најголем губитник

Шпанците размислуваат за прекин на првенството – Атлетико ќе биде најголем губитник

Во Шпанија започна да се размислува и за опција да не заврши актуелното фудбалско првенство. Доколуку ситуацијата со пандемијата не се подобри може да се прогласи прекин на првенството.

„Марка“ пишува за сценарио кое би можело да се случи доколку дојде до прекин на првенството, па моменталната табела во „Ла Лига“ ќе биде прогласена за конечна.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во тој случај Барселона, Реал Мадрид, Севиља и Реал Сосиедад би добиле места во Лигата на шампионите, а најголем „губитник“ би бил Атлетико Мадрид, кој би требало да настапува во Лигата на Европа, заедно со Гетафе и Атлетик Билбао.

Моментно Барселона е лидер во Примера, пред Реал Мадрид,но се уште не е познато дали титулата ќе заврши на „Камп Ноу“ или воопшто нема да биде прогласен шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција на Мундијалот ќе мора да игра и против две „проклетства“

Француската репрезентација, предводена од Килијан Мбапе и преполна со играчи од светска кл…