Дома Фудбал Шпанското обвинителство со тужба против Кристиано Роналдо

Шпанското обвинителство со тужба против Кристиано Роналдо

Шпанското обвинителство денеска соопшти дека поднело тужба против Кристиано Роналдо, ѕвездата на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, бидејќи, наводно, во периодот од 2011. до 2014. година ја оштетил државата за 14,7 милиони евра неплатен данок.

Во соопштението се наведува дека Роналдо свесно ја користел „бизнис структурата“ создадена во 2010. година со цел да го прикрие својот приход во Шпанија од правата на својата слика.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тужбата е врз основа на извештајот кој обвинителството го достави на даночната служба.

Претставникот на Роналдо за медиумите за сега не даде никаков коментар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oдбраната пред се: Нема да си верува колку пари потрошил Гвардиола на 25 дефанзивци!

Манчестер Сити го ангажираше дефанзивецот Марк Гуехи од Кристал Палас за сума од 23 милион…