Дома Фудбал Останато Шпанија вечерва без селектор, позната и причината

Шпанија вечерва без селектор, позната и причината

Репрезентацијата на Шпанија квалификациите за Европското првенство ги започна со домашната победа од 2:1 над Норвешка.

Денеска ја очекува многу полесна задача, бидејќи ќе гостува против Малта. Натпреварот Малта – Шпанија започнува од 20:45 часот, а се освен убедлива победа на Шпанија би било еднакво на чудо.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, треба да се напомене дека покрај теренот вечерва нема да биде селекторот на Шпанија, Луис Енрике. Така да екипата на вечерашното гостување ќе ја води неговиот помошник, Роберто Морено.

„Ве информираме за отсуството на нашиот селектор Луис Енрике кога станува збор за вечерашниот натпревар. Енрике ќе биде отсутен поради важни семејни причини“, порачаа од Фудбалскиот сојуз на Шпанија и додадоја:

„Ве молиме за дискреција и почит за неговата приватност“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Проблемот не е во системот, туку во начинот на кој ги правиме работите

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека утрешниот противник на тимот, С…