Репрезентацијата на Аргентина вчера во петтото коло од групната фаза на Копа Америка ја победи Боливија со 4:1.
Аргентинците продолжија со одличните настапи во групната фаза и дојдоа до третата победа и од првата позиција одат во нокаут фазата. Вчерашниот натпревар го обележа Лионел Меси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
До предност „Гаучосите“ дојдоа во шестата минута кога Меси го проигра Гомез кој погоди за водство од 1:0. Во 33. минута судијата досуди пенал за Аргентина, одговорноста ја презема Меси и без проблеми успеа да зголеми на 2:0. До крајот на полувреме Меси постигна и уште еден гол за 3:0.
Боливија во 60. минута успеа да намали преку Савандер, меѓутоа само пет минути подоцна Лаутаро Мартинез ги постави конечните 4:1.