Дома Останати Кошарка Шоу на Богдановиќ, Србија го освои 5-то место на Мундобаскетот

Шоу на Богдановиќ, Србија го освои 5-то место на Мундобаскетот

Репрезентацијата на Србија ќе мора да се задоволи само со петтото место на Мундијалот, кое го освои со победата над Чешка.

Србија беше еден од фаворитите за медал, но во натпреварот за петтата позиција ја победија Чешка со 90:81 и ќе играат на олимписките квалификации доколку сакаат да играат во Токио идната година.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Србите делуваа навистина незаинтересирано во првиот дел и со таквиот пристап и дозволија на Чешка да има предност од девет разлика на полувремето.

Во второто полувреме сликата на теренот беше поинаква, Богдан Богдановиќ беше предводник на Србија, која со сигурна игра во одбраната на крајот на третата четвртина да дојдат и до предност од 69:62, а потоа рутински ја чуваше предноста.

Богдан Богдановиќ, постигна 31 поен од кои седум тројки. Втор стрелец беше Милутинов со 14 поени и седум скока. На другата страна Ауда имаше 16 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер нагло „скокна“ на листата – ова се фаворитите на обложувалниците за новиот НБА шампион

Почетокот на „преодниот период“ во НБА лигата значително го промени статусот што се однесу…