Еден од најдобрите кошаркари на Денвер Нагетс, Арон Гордон, ќе биде надвор од терените на неодредено време откако на Божиќ бил каснат од куче.
Гордон бил изгризан од куче во пределот на лицето и десната рака со која што шутира,и не се знае кога ќе се врати на кошаркарските терени, но сигурно е дека ќе пропушти неколку натпревари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нагетс пренесуваат дека Гордон се здобил со сериозни повреди на главата и десната рака, но дека моментално е во добра состојба.
„Арон Гордон се здоби со расекотини на лицето и раката како резултат на каснување од куче на 25 декември. Арон е во добра состојба и ќе остане надвор од тимот додека целосно не закрепне“, се вели во соопштението на клубот.
Потоа новинарот Чаранија објави дека Гордон заработил дури 21 конец на лицето и десната рака.