Еден од најдобрите ракометари на Вардар и миленик на навивачите, Тимур Дибиров најави заминување на крајот на сезоната.
Тој во интервју за „samorakomet.mk“ ја соопшти одлуката да ја заврши својата авантура во Вардар на крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа вест сигурно со неверување ќе ја примат навивачите на „црвено-црните“ бидејќи Дибиров е еден од најверните играчи на Вардар.
Тимур изминатите години изгради легендарен статус во Вардар и беше еден од архитектите на двете европски титули.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961