Шампионот Шкендија со 5-1 ја прегази Победа во Тетово, додека Вардар со 1:0 го победи Силекс.
Шкендија немаше проблеми со Победа, славеше со 5-1. Головите за Тетовци ги постигнаа различни стрелци, Алими, Тотре, Бејтулаи, Радески и Жуниор. Макота погоди за Победа.
Македонја Ѓ.П. и Работнички одиграа нерешено 1-1, Беласица а продлабочи кризата на Шкупи , го совлада со 2-0, Академија Пандев славеше против Ренова со 2:1.
Нов триумф за Вардар со 1:0 над Силекс, со кој црвено-црните не дозволуваат позицијата која води во Европа да им биде доведена во прашање. Единствениот погодок беше дело на Цветановски по десет минути игра во вториот дел.