Дома Фудбал Италија Шефот на судиите во Италија ја коментираше играта со рака на Де Лихт!

Шефот на судиите во Италија ја коментираше играта со рака на Де Лихт!

Претседателот на Судиската федерација на Италија, Марчело Ники јавно се огласи по повод играта со рака на дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт против Болоња.

Јувентус победи со 2:1, меѓутоа, според многумина дамка на мечот е спорната ситуација во судиското надополнување. Болоња имаше последен напад на мечот, а Матијас де Лихт играше со рака по еден центаршут на противничкиот тим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, според правилата на Судиската организација, судијата донел точна одлука и постапил според правилата.

„Го погоди топката во рака, но според правилата тоа не е пенал. Правилата се јасни и би сакал навивачите да научат што е пенал, а што не. Кој мисли дека треба да се менуваат правилата ако станува збор за друг клуб, тогаш не треба да доаѓа на натпреварите. Правилата за сите се исти и тоа е јасно“, порачаа од управата“, изјави Марчело Ники.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На поранешниот напаѓач на Ливерпул му се заканува затворска казна!

На некогашната ѕвезда на англиската репрезентација, Ендру Керол (36), му се заканува затво…