Дома Македонски спорт Шеста позиција и нови бодови за Иџе на ТЦР Италија

Шеста позиција и нови бодови за Иџе на ТЦР Италија

Игор Стефановски Иџе денес го освои шестото место на првата трка во натпреварувачкиот викенд на патеката Имола во рамките од ТЦР Италија шампионатот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иџе стартуваше како седми, имаше борба и за петтата позиција, но на крајот заврши како шести. Од оваа трка освои осум бода и сега во генералниот пласман е на вкупно 60.

На денешната трка победи Микел Аскона, а зад него завршија Џонатан Џакон и Феличе Џелмини.

 Утрешната трка се вози во 12:40 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …