Македонскиот репрезентативец во џудо, Еди Шерифовски, го заврши својот настап на Олимписките игри во Париз.
Македонскиот репрезентативец добро се држеше на почетокот на борбата, но актуелниот светки првак Шмид ја покажа класата, славеше со 11:0, откако освои ден поен со ипон.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
„Се борев против фаворит, на кој не му дадов многу почит. Физички бев подготвен и не почувствував дека ривалот е доминантен во тој сегмент. Кондиционо бев солиден, не се уморив премногу, но Бразилецот беше порасположен за борба. Не се работи за мое невнимание, туку едноставно тој денес беше подобар“, изјави Шерифовски.