Дома Фудбал Англија Шеикот во Манчестер Сити вложи милијарда и 660 милиони евра, а што освои?

Шеикот во Манчестер Сити вложи милијарда и 660 милиони евра, а што освои?

Уште една сезона ќе помине, а сопственикот на Манчестер Сити нема да го дочека толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите.

Шеикот Менсур Бин Зајед Ал Најхан го превзема Манчестер Сити во 2008 година од Тајлнаѓанецот Такашин Шинаватер за 220 милиони евра. Една година подоцна тој ги докупи и преостанатите 9% од акциите и стана 100% сопственик на клубот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Веднаш започна со големи вложувања. Сити под негово водство уште во првата сезона вложи 300 милиони евра. Првиот трофеј го освоија во 2011 година, ФА Купот. Потоа до денес освоија уште три првенства, четири Лига Купа и две титули во Комјунити Шилд.

За тие десет трофеи од кои за четири можеме да кажеме дека се поголеми клубот потроши неверојатна сума од милијарда и 660 милиони евра.

Не успеаа да стигнат до толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите, поради што Гвардиола беше доведен во клубот. Шеикот му ги исполнуваше желбите на Гвардиола и само од кога е тој во клубот,
Сити на неговите барања потроши 608 милиони евра. Меѓутоа покрај тоа тој не им возврати со освојувањето на Лигата на шампионите.

Во случај Сити оваа сезона да не триумфира и во Премиер лигата тоа ќе биде сезона за заборав и нешто што е премалку кога ќе се споредат вложувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ спрема понуда за Зидан

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, би можел да го замени Луис Енрике на кор…