Aндреј Шевченко се уште немал прилика да води некој клуб, но како селектор веќе постигна одлични резултати со Украина.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Новинарите сега го прашаа Шевченко дали во иднина би сакал да го води Милан. Поранешниот голгетер на „росонерите“ не криеше дека кај него постои желба.
„Милан е мој дом и секако дека сакам да се вратам. Ако некогаш добијам прилика ќе ја искористам. Зборуваме за во иднина. Сега сум фокусиран на Украина. Го поддржувам Милан и се надевам дека ќе заврши во топ 4, но Аталанта е одличен тим, сигурно ќе биде тежок натпревар“, изјави Шевченко.
За Швеченко Милан имал добра сезона и покрај тоа што ја испуштил првата позиција.