Дома Луд Спорт Шевченко за малку ќе загинел во денешното бомбардирање 🎥

Шевченко за малку ќе загинел во денешното бомбардирање 🎥

Легендарниот украински фудбалер Андриј Шевченко за малку можел да загине во бомбардирањето што руските воени сили го направија во Украина. 

Денес Русија истрела нови 80 проектили и 12 беспилотни летала камикази во агресијата кон Украина.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Шевченко објаснува дека бил во воз кога почнало бомбардирањето и тоа што го преживеал било страшно.

„Бев на воз кога почна бомбардирањето и требаше да сопреме на средина на поле. Тие неколку часови се чинеа како вечност. Би сакал да кажам една работа: нема ракети, нема бомбардирање или било какви други напади кои ќе ја скршат Украина. Тие можат да ни ги земат куќите, нашите улици, но не и нашето достоинство, храброст и желба за слобода. Ќе ја браниме Украина. Ќе пееме под бомбардирањето, како што правеа луѓето од Киев денеска во метрото. Ќе се бориме додека не победиме“, истакна Шевченко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Гатузо после 22 години ја избричи брадата

Легендарниот Италијанец, Џенаро Гатузо учествуваше во хуманитарната акција „Брадеста аукци…