Дома Фудбал Лига на шампиони Чеферин: ПСЖ ја поддржува идејата за „Фајнл-фор“ во ЛШ

Чеферин: ПСЖ ја поддржува идејата за „Фајнл-фор“ во ЛШ

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин ги откри плановите за промена на форматот на Лигата на шампиони.

Идејата на европската куќа на фудбалерот е да се игра „Фајнл-фор“, односно четирите полуфиналисти да играат турнирски на неутрален терен и така да се борат за трофејот.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


На сличен начин беше решен победникот во сезоната 2019/20, кога поради пандемијата беше прекината сезоната во март.

„Се уште не сме донеле конечна одлука поради пандемијата, бидејќи сега е тешко да се планира. Но мислам дека идејата е одлична“, изјави Чеферин.

„Идејата им ја соопштив на неколку претседатели, како на Насер Ал-Келаифи, кои се согласија. Мислам дека Фајнл-фор во ЛШ ќе донесе и поголеми приходи за клубовите“, додаде првиот човек на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ФИФА го одреди терминот: ПСЖ го чека името на ривалот во финалето на Интертото купот

Финалето на овогодинешниот фудбалски Интертото куп ќе се игра на 17 декември во Доха, сооп…