Дома Македонски спорт Мак ракомет Четврто засилување за Металург: Пристигна Бобан Каковски

Четврто засилување за Металург: Пристигна Бобан Каковски

Металург денеска го потпиша своето четврто засилување за претстојната сезона и овој пат се работи за млад и талентиран македонски ракометар. Нашиот дрес во идните четири години ќе го носи средниот бек Бобан Каковски (21), кој кај нас доаѓа од Голден Арт КЛ7.

Каковски потекнува од ХЈС (ракометна јуниорска школа) во Битола, која подоцна еволуираше во Работник, па во Еурофарм Работник, денеска Еурофарм Пелистер. По заминувањето од Е.Пелистер, Каковски потпиша за Голден Арт КЛ7 од каде и доаѓа во Металург.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Бобан Каковски има и репрезентативно искуство, бидејќи бил дел од кадетската и од јуниорската репрезентации на Македонија.

“За мене е големо задоволство и голема чест што потпишав за клуб каков што е Металург, кој има долга и богата историја. Клуб кој во блиското минато ги победувал најсилните екипи во Лигата на шампионите и чиј дрес го носеле многу славни ракометни имиња. Посебно сум горд што ќе продолжам да се развивам под раководството на тренерот Иван Марковски, кого исклучително го ценам. Се надевам дека ќе ја оправдам  довербата на раководството на Металург и ќе го дадам својот допринос во новата сезона“, изјави младиот Каковски за сајтот на Металург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…