Како што пренесува порталот „90min“ екипата на Челси е спремен ова лето да го продаде еден од најдобрите играчи Нголо Канте.
Сепак, Сините од Лондон нема така лесно да се откажат и за него ќе бараат висока цена. Французинот има договор уште три години и затоа Челси ќе се обиде да извади што повеќе пари за негова продажба.
Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓
Според пишувањата на овој портал, моментално се заинтересирани два клуба, Реал Мадрид и ПСЖ. Двата клуба и претходно се поврзуваа со овој фудбалер, но Челси не сакаше ни да слушне за трансфер.
Сепак, Французинот сега има 29 години и Франк Лампард не го гледа како долгорочно решение во средниот ред. Затоа клубот ќе ги сослуша сите понуди и доколку пристигне вистинска спремни се да го продадат.
Нормално, овие информации треба да се земат со резерва ако се знае дека Канте сепак е еден од најдобрите играчи на лондонскиот тим и тешко е да се поверува дека така лесно ќе се откажат од неговите услуги.
Тој е член на екипата уште од летото 2016. година кога пристигна од тогаш шампионот Лестер.
И оваа сезона е еден од најстандардните играчи. а пред паузата во првенството заработи повреда поради која не играше неколку недели.