Челзи оваа зима го доведе Кристиан Пулишиќ, кои го оставија на позајмица во Дортмунд до лето, како и Игуаин, кој синоќа го запиша дебито во Премиер лигата, кое нема да му остане во убаво сеќавање.
Изгледа дека тоа е се што се однесува за пристигнувања, но некои играчи би можело и да ги напуштат нивните редови. Еден од нив е и Мичи Батшуаи, кој не е со клубот, бидејќи е на позајмица во Валенсија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Лилјаците“ не се задоволни од него и би сакале да го вратат на „Сините“, но Сари не го сака, па се споменуваа позајмици во Милан и Монако. Во приказната некое време е и Евертон, од неодамна и Вест Хем, а самиот фудбалер истакна дека кариерата би сакал да ја продолжи во редовите на „Карамелите“.
Екипата од „Гудисон“ не може да го позајми, бидејќи од Челзи веќе го позајмија Курт Зума, па купувањето е единствената опција. До крајот на трансфер периодот останаа уште 6-7 часа, Батшуаи е се уште во Шпанија, а Челзи бара 35 милиони фунти.
Останува да видиме дали екипата од Ливерпул е подготвена тоа да го плати, во спротивно Батшуаи би можел да има разочарувачки дел од сезоната, бидејќи на „Местаља“ најверојатно нема да добие шанса, дури и да остане до крајот на сезоната.