Талентот на Челзи, Мејсон Маунт го навлече гневот на англиската јавност откако не ги испочитува клупските наредби и со фудбалерот на Вест Хем Деклан Рајс играа рекреативно фудбал среде Лондон.
Претходно Челзи, после првиот позитивен тест на коронавирусот издаде наредба сите фудбалери, членови во стручниот штаб и работници во клубот да бидат во карантин и самоизолација.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Ваквото несовесно однесување беше веднаш осудено и клубот ја објави казната.
Како наведува „Мирор“ Челзи ќе го казнат Маунт со парична казна од 200.000 фунти за неисполнување на наредбата на клубот и загрозување на другите луѓе со неговото арогантно однесување.