Постои реална можност Челзи да добие тешка казна од ФИФА така што ќе му биде наложено на клубот трансферно ембарго за цели две години, пренесуваат англиските медиуми.
Истрагата на трансферот на Бертран Траоре која траеше цели три години веќе е завршена. Заедно со овој се разгледани сите подробности за уште 13 други трансфери, на играчи под 18 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според францускиот медиум „Медиапарт“, а кој се повикува на откритијата од „Footbaal Leaks“ комисијата на ФИФА препорачала да му биде наложена казна на Челзи од 45.000 фунти и клубот да добие забрана за привлекување на нови фудбалери цели четири трансферни периоди.
Комисијата утврдила дека има нарушување на правилата кај сите 13 трансфери и бара жестока казна за лондонскиот клуб.
Медиумот открива дека ФИФА врши истрага и за други клубови од Премиер лигата кои правеле исти или слични престапи.