Дома Фудбал Англија Челзи победи, Енцо Фернандез посака нешто (не)реално!

Челзи победи, Енцо Фернандез посака нешто (не)реално!

Во вчерашниот натпревар од 24. коло Челзи со пресврт славеше против Кристал Палас 1:3 откако на полувремето „сините“ губеа со 1:0.

Челзи во овој период игра со форма топл-ладно и тоа и го демонстрираа против Кристал Палас. Во првиот дел не им одеше, Палас беше подобриот тим на теренот и заслужено водеше по првите 45 минути.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Сепак, во вториот дел заиграа многу подобро и веднаш на стартот Галагер изедначи. Во судиското продолжение Галагер постигна уште еден гол, додека конечните 1:3 ги постави Енцо Фернандез.

По натпреварот Аргентинецот даде изјава која во овој момент воопшто не изгледа реално.

„Среќен сум во Челзи. Сакам да играме во Лигата на шампионите наредната сезона“, изјави Фернандез.

Да, секако Челзи е тим од кој се очекува да биде дел од најелитното европско натпреварување, меѓутоа во овој момент „сините“ се десетти на табелата и заостануваат 13 бода зад Тотенхем, а тука се уште Астон Вила, Манчестер Јунајтед, па и Њукасл кој го очекуваат истото и веќе се пред нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона почна преговори со Флик

Тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик е голем фаворит за кормилото на Барселона, пренесуваа…