Дома Фудбал Англија Челзи нема да крене раце: Стравот од бројните понуди, ги натера „Плавите“ да подготват нов договор

Челзи нема да крене раце: Стравот од бројните понуди, ги натера „Плавите“ да подготват нов договор

Лондонски Челзи му подготвува нов договор на Тибо Куртоа.

Куртоа е долгогодишен член на Челзи и еден од најдобрите чувари на мрежата во Европа, па не е чудно што раководството на лондонскиот клуб планира набрзо да му понуди нов и подобар договор.

Челниците на Челзи сакаат да ги почнат преговорите со Куртоа, за Белгиецот пред крајот на сезоната да го потпише новиот договор и за да бидат сигурни дека нема да го напушти „Стемфорд Бриџ“.

25-годишниот голман е на мета на мадридски Реал, а оваа сезона некогашниот голман на Атлетико Мадрид настапи на 13 натпревари во Премиер лигата и на шест од нив успеа да ја сочува мрежата.

Куртоа е во Челзи од 2011. година, а со клубот освои две титули во ПЛ и еден трофеј во Лига Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Милан успешно ја започна новата сезона во италијанското првенство во недела вечер, но побе…