Италијанските медиуми пренесуваат дека Челзи и Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Хакан Чалханоглу.
Турскиот репрезентативец во последно време игра во фантастична форма и е клучен играч кај „росонерите“, но проблем за Милан е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан сака по секоја цена да го задржи на „Сан Сиро“ и веќе започна преговори со неговиот агент, но двете страни не можат да се договорат.
Англиските медиуми внимателно ја следат ситуацијата и се спремни да ги задоволат неговите финансиски барања, бидејќи можат да го добијат играчот без обештетување.
Интерес за Чалханоглу покрај англиските гиганти покажува и Јувентус.