Дома Трансфер зона Челзи и Милан се „тепаат“ за Бернард – кој е во предност?

Челзи и Милан се „тепаат“ за Бернард – кој е во предност?

Челзи и Милан се силно заинтересирани за бразилскиот фудбалер Бернард, а последните информации од Апенините говорат дека „росонерите“ се во пол-позиција за неговиот потпис.

Бернард е слободен агент откако му заврши договорот со Шахтјор и беше пред потпис во Челзи, но новиот директор на Милан Леонардо во последен момент влезе во трката за потписот на сонародникот.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Леонардо имаше средба со агентите на Бернард и наводно го убедил Бразилецот да се пресели во Милан. „Росонерите“ му понудиле четиригодишен договор вреден 3,5 милиони евра по сезона.

Челзи не презема доволно конкретни чекори за ангажман на крилниот напаѓач, па медиумите тврдат дека Бернард е пред трансфер во Милан.

Навондо веќе имал разговор со Леонардо и му ја потврдил желбата да се пресели на „Сан Сиро“, па останува да се договорат уште последните детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола ја сака ѕвездата на Милан

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред.…