Дома Топ вести Челзи го доведува најголемото засилување во ерата на Абрамовиќ

Челзи го доведува најголемото засилување во ерата на Абрамовиќ

Челзи ја одигра една од најлошите сезони во ерата на Роман Абрамовиќ, па Русинот одлучи да доведе едно од најголемите засилувања откако што е во лондонскиот клуб.

„Телеграф“ дознава дека на „Стемфорд Бриџ“ постои план за доведување на Роберт Левандовски, ѕвездата на Баерн. Полскиот напаѓач бара нов предизвик во кариерата, а предизвикот сигурно би бил да игра во Премиер лигата. Челзи е подготвен на Баерн за 30-годишниот фудбалер да му плати повеќе од 100 милиони евра и во Минхен да испрати еден играч.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Полските медиуми јавуваат дека Левандовски побарал неколку дена одмор за да може да размисли за понудата на Челзи и пред Светското првенство да одлучи за неговата иднина. Оваа сезона Левандовски постигна 41 гол во 48 натпревари. Во Челзи го сакаат, бидејќи не се воодушевени од Мората и Жиру.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…