Дома Топ вести Челзи веќе работи на трансферот на Нејмар

Челзи веќе работи на трансферот на Нејмар

Раководството на Челзи веќе остварило првичен контакт со колегите од ПСЖ за евентуален трансфер на Нејмар, пренесува „Паризиен“.

Во ПСЖ донеле одлука дека е најдобро Нејмар да го напушти клубот бидејќи внесувал немир во соблекувалната. 

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


ПСЖ уште минатото лето се обиде да се ослободи од скапиот Бразилец, но ниту еден клуб не беше спремен да ја плати големата отштета.

Челзи со новиот сопственик ги зголеми апетитите, па покажува сериозен интерес за Нејмар, а наводно и самиот Бразилец е спремен да се пресели на „Стенфорд Бриџ“.

Нејмар има договор со ПСЖ до 2025 година, а Челзи веќе стапил во контакт со „светците“ и почнал да работи на трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…