Навивачите на Тотенхем веќе со месеци чекаат да заврши изградбата на новиот стадион.
Тотенхем на новиот стадион кој се наоѓа на местото на легендарниот „Вајт Харт Лејн“ требаше да игра на почетокот на оваа сезона, но тоа не се случи. Меѓутоа, наскоро треба да очекуваме „петлите“ да се преселат на ново-стариот дом.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Клубот работи со полна пареа за работите да бидат завршени и стадионот официјално да биде отворен. Во јавноста немаше многу слики од внатрешниот изглед, но сега на „Твитер“ се појавни снимка која многумина ќе остави без текст.
Според неофицијалните инфирмации, Тотенхем првиот натпревар на новиот стадион би требало да го одигра на 13-ти јануари кога ќе биде домаќин на Манчестер Јунајтед.
Inside Tottenham stadium. Literally incredible. pic.twitter.com/Nju7vasdHM
— Mootaz Chehade (@MHChehade) November 9, 2018