Дома Фудбал Останато Чедомир Јаневски преговора со ЦСКА Софија: Договорот на повидок

Чедомир Јаневски преговора со ЦСКА Софија: Договорот на повидок

janevski

Она што како гласина се појави пред неколку дена сега е и потврдено, Чедомир Јаневски преговара со тимот на ЦСКА Софија.

Јаневски во текот на вчерашниот ден имал средба со сопственикот на бугарскиот клуб Гриша Гавчев во главниот град.

Македонскиот стратег во Бугарија пристигнал уште во средата, а првата среба како што кажавме ја имаше вчера. Средбата се одржала околу еден час и траеле околу два часа, по што очекувањата се Јаневски наскоро да седне на клупата ЦСКА Софија.

Јаневски поставил свои услови и најавил дека ќе работи со целосна посветеност. Според информациите, тој сака да си донесе сопствен тим со кој ќе го води клубот, наводно од клубот неговите услови биле прифатени.

Официјална потврда за седнувањето на Јаневски на клупата на ЦСКА Софија се очекува во наредните неколку денови.

Засега ништо не е потврдено, но шпекулациите се дека Јаневски ќе добива плата од 50.000 евра месечно.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Преговорите помеѓу Милан и Рангник во застој

Преговорите меѓу Милан и поранешниот тренер на РБ Лајпциг, Ралф Рангник се во застој, прен…