Дома Фудбал Чави сепак го враќа Дембеле во тимот

Чави сепак го враќа Дембеле во тимот

Изненадувачки Осман Дембеле е пред враќање во тимот на Барселона и ќе биде повикан за дербито со Атлетико Мадрид во недела, пренесува „АС“.

Дембеле беше пред заминување од Барселона откако одби да го продолжи договорот, но сепак остана на „Камп Ноу“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Барселона како казна што ќе замине без обештетување го исфрли од тимот и се очекуваше Дембеле до крајот на сезоната да помине на трибини.

Сепак, Чави разговарал со претседателот Лапорта да го врати во тимот бидејќи му се потребни сите фудбалери до крајот на сезоната, а Дембеле секако може многу да му помогне на тимот.

„АС“ пренесува дека Дембеле сигурно ќе биде повикан за дербито со Атлетико Мадрид, а голема е веројатноста да биде во стартниот состав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва се најгледаните фудбалски лиги за 2025: Веднаш зад топ 5 има изненадување!

Американската лига МЛС бележи голем раст, главно благодарение на Лео Меси, додека Саудиска…