Дома Фудбал Чави за случајот со Винисиус: Ако така навредите работник, ќе добиете цигла по глава

Чави за случајот со Винисиус: Ако така навредите работник, ќе добиете цигла по глава

По колото за викендот во Шпанија во центарот на вниманието се расистичките навреди кон Бразилецот Винисиус Жуниор.

Реал Мадрид веќе официјално поднесе тужба, а во одбрана на фудбалерот застана и тренерот на Барселона, Чави Хернандез. Винисиус беше навредуван во текот на натпреварот на „Местаља“ кој Реал го загуби од Валенсија со 1:0.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не станува збор за тоа дали јас го бранам Винисиус, во оваа ситуација јас го бранам целиот фудбал и тоа како треба да изгледа нашиот спорт. Во проблемот со расизмот не постојат дресови и клупски амблеми, мораме да работиме заедно за да го отстраниме од нашиот спорт. Навредите мораат веднаш да престанат“.

„Во другите професии, ако навредите наставник, тој повеќе нема да ве учи, додека пак ако нвредите работник можеби ќе добиете цигла по глава. Никој не смее да трпи такви навреди за време на неговата работа, во нашиот случај тоа се фудбалските натпревари. Време е да се каже доста за секогаш“, порача Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…