Бразилскиот фудбалер, Филипе Кутињо наскоро најверојатно ќе потпише за Барселона, по што Јирген Клоп и челниците на клубот од „Енфилд“ тргнаа по потрага на неговиот наследник.
Ако им се верува на пишувањата на британските медиуми, Ливерпул е сериозно заинтересиран за Мануел Ланцини од Вест Хем, за кој е подготвен да понуди 40 милиони фунти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во контекст на потпишување за Ливерпул се споменаа уште некои имиња како Леон Горетцка и Томас Лемар, а изборот на крајот би можел да биде Аргентинецот од редовите на Вест Хем, со кој навивачите на „Црвените“ баш и не се задоволни.
Мануел Ланцини има 24 години и член на Вест Хем е од 2015. година, кога е испратен на позајмица во Ал Џезира. Една година подоцна, Вест Хем го откупи неговиот договор за 12 милиони и Аргентинецот во меѓувреме стана еден од најважните играчи на лондонскиот клуб.
Освен за Вест Хем и Ал Џезира, Ланцини настапуваше и за Ривер Плата и Флуминенсе, како и за репрезентацијата на Аргентина за која одигра два меча.