Црвена Звезда славеше пред својата публика против Олимпија со 80:76, во рамки на АБА лигата.
Ова е деветти натпревар без пораз за црвено-белите, а нашиот интернационалец, Перо Антиќ по 18 минати минути на паркетот запиша само два погодоци.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Втората четвртина го разбуди белградскиот тим, кој на пауза успеа да замине со три поени позитива, односно 40:37.
Во второто полувреме се играше со ист интензитет, Звезда го зголемуваше водството се до последната четвртина, кога Олимпија успеа да ја анулира предноста, иако не во целост. На крајот сепак 80:76 за домашните.
Во таборот на црвено-белите најефикасен беше Рочести со постигнати 16 поени, додека на спротивната страна се издвоија Шпан и Морган со 15 постигнати поени.