Репрезентативецот на Словенија Тим Макс Елшник наскоро би можел да стане ново засилување за Црвена Звезда.
Словенечкиот играч за врска постигна договор со Црвена Звезда која е блиску до доведување на фудбалерот на Олимпија, пренесува „Спорт Клуб“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубот од Љубљана би требало да добие оштета од милион ипол евра доколку се биде како што треба. Според најавите наскоро Елшник треба да пристигне во Белград.
Планот на Црвена Звезда е да потпише договор на три години и така да ја засили конкуренцијата во средниот ред.