Дома Фудбал Останато Цените на билетите во МЛС драстично скокнаа после доаѓањето на Меси

Цените на билетите во МЛС драстично скокнаа после доаѓањето на Меси

Лионел Меси помалку изненадувачки одлучи кариерата да ја продолжи во Интер Мајами, каде вчера беше официјално претставен.

Првиот натпревар на Меси во МЛС би можел да биде на 21 јули, кога Мајами е домаќин на Круз Азул.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според компанијата TickPick, која продава билети, во вторникот најевтиниот билет за тој натпревар чинел 29 долари додека еден ден подоцна, кога било потврдено доаѓањето на Меси, цената скокнала на 329 долари.

Маркетинг менаџерот на TickPick, Кајл Зорн, изјави дека тоа би можело да биде најскапиот натпревар во историјата на МЛС.

„Имаше инстантен скок на цените на билетите за натпреварите на Интер Мајами кога се појави гласината за доаѓањето на Меси. Со оглед на статусот на можеби најдобриот играч во светот, секогаш кога Мајами ќе игра на гостински терен, ќе имаме рекордни цени на билетите“, изјави Зорн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Крај на приказната: Милан се ослободува од играчот за кого плати 19.000.000 евра?!

Еквадорскиот лев бек Перис Еступињан никако не се снаоѓа во Милан, формацијата со тројца п…