Дома Фудбал Англија Цената на Манчестер Јунајтед скокна за 550 милиони после доаѓањето на Роналдо

Цената на Манчестер Јунајтед скокна за 550 милиони после доаѓањето на Роналдо

Враќањето на Кристиано Роналдо во Манчестер Јунајтед веднаш се покажа позитивно за клубот, односно за неговата вредност.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според податоците на Њујоршката берза вредноста на клубот од „Олд Трафорд“ се зголемила за точно 550 милиони фунти само за 54 дена.

На 4-ти август една акција на Манчестер Јунајтед чинеше 11,70 фунти, а вкупната вредност беше 1,91 милијарди. Само 24 часа после трансферот на Кристиано Роналдо вредноста на акцијата порасна  на 13,46 фунти.

Зголемувањето на акциите продолжува и го достигна пикот на 27 септември, кога акцијата изнесуваше 15.09 фунти, а вредноста на клубот достигна до 2.46 милијарди фунти.

Освен трансферот на Роналдо постојат и други фактори кои влијаат на зголеувањето на вредноста на клубот како враќање на фановите на стадион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ма какво пензионирање: Лука Модриќ доби повик што не можеше да го одбие!

Многумина сметаат дека натпреварот против Португалија беше последен за Лука Модриќ во дрес…