Дома Видео Целиот свет чекаше што ќе каже Меси, но…

Целиот свет чекаше што ќе каже Меси, но…

Фудбалерите на Барселона синоќа претрпеа голем пораз.

Пред натпреварот се очекуваше после високите 3:0 од првиот натпревар реваншот на Енфилд ќе биде само формалност за каталонскиот клуб, но Меси и екипата на крајот примија четири погодоци и се опростија од финалето во ЛШ.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во реванш натпреварот многу потфрлија, па и капитенот Лео Меси кој ја продолжи продолжи лошата низа. Имено, Аргентинецот не постигнал гол во гости во полуфинале на ЛШ уште од сезона 2010/11 кога гостуваше на Сантијаго Бернабеу.

После елиминацијата на Барселона токму Меси беше играчот најбаран од новинарите. Откако стана јасно дека сите негови планови паднаа во вода Аргентинецот на никој не честиташе, а и во микс зоната помина покрај новинарите со рацете во џебот и без изјава.

За разлика од Меси, храброст да застане пред новинарите имаше само Серхио Бускетс.

„Нема што да кажам освен да им се извиниме на навивачите, се повтори Рим, за кој верувавме дека беше само лоша вечер.“ – изјави Бускетс.

Да потсетиме, мрежата на Барселона синоќа по два пати ја затресоа Ориги и Вајналдум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Ливерпул ги остави проблемите зад себе и го совлада Реал и покрај херојските потези на Куртоа

Ливерпул одигра силен меч и покажа дека можеби го надминува тешкиот период, откако го побе…