Дома Македонски спорт Мак фудбал Хуман гест на ФФМ: Подарува три амбулантни возила на Градската болница

Хуман гест на ФФМ: Подарува три амбулантни возила на Градската болница

Фудбалската Федерација на Македонија покажа хуманост и ќе помогне во борбата против коронавирусот.

Имено, ФФМ ќе набави три нови амбулатни возила и ќе ги предаде во трајна сопственост на Килиниката за хируршки болести „Св Наум Охридски“ (градска болница) во Скопје.

За официјалниот сајт на ФФМ своја изјава даде и претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

„Ова време сите нас нѐ потсетува колку е важен животот и здравјето на луѓето. Наша должност како социјално одговорна институција е да помогнеме со надеж дека ќе придонесеме во ублажување на последиците од оваа состојба.

Во ова време, ФФМ, но и сите останати институции мора да покаже одговорност, единство и солидарност. Фудбалот е моќна сила во секое општество и едноставно, мораме да го покажеме своето најдобро лице, лице на солидарност и толеранција.

Нашата општествена одговорност досега многу пати била потврдена и ги повикуваме сите останати институции и компании, секој во рамки на своите можности да помогнат онаму каде што сметаат дека има потреба.

Исто така, повикуваме во секој момент да се следат препораките поддржувајќи ги здравствените институции во борбата против коронавирусот. Бидете силни, заедно ќе победиме и на овој натпревар“, изјави првиот човек на ФФМ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Хуман гест на Несторовски: Донираше пари за прилепската болница

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски, ја покажа својата големина и над…