29 годишениот одбрамбен играч Грозданоски ги договори сите услови со Пелистер и од денес официјално е нов играч на Пелистер. Христијан е дете на школата на Пелистер во која никогаш не ја доби вистинската шанса.
Неговата кариера започнува да оди во нагорна линија кога третолигашот со високи амбиции Царев Двор го носи во своите редови од екипата на Работник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По една сезона одлични игри и пласман во ВМФЛ со екипата на Царев Двор, Кице преминува во екипата на Новаци каде исто се задржува само една сезона.
Следен предизвик во кариерата му е Гостивар каде исто така останува само една сезона од каде преминува во екипата на кратовски Силекс кој тогаш се натпреварува во ПМФЛ. Нагорната линија и одличните настапи, не останаа незабележани од Работнички во чии редови преминува Грозданоски. Епизодата во Работнички краеше кратко и по само шест месеци преминува во екипата на Воска Спорт и успева да стигне до баражот за влез во ПМФЛ, но на патот им застана Тиквеш.
Грозданоски после цело 11 години се враќа во матичниот клуб Пелистер, тогаш кога на клубот навистина му е најтешко.