Денес од 18:00 часот Македонија во 18:00 часот го игра третиот натпревар на Светското првенство, а за противник ќе ја имаме селекцијата на Хрватска.
После победите над Јапонија и Бахреин, натпревари во кои бевме фаворити ова е прв посериозен тест за избраниците на Раул Гонзалес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред овој натпревар на популарниот сајт „Балкан Хендбол“ се појави колумна за нашиот лав Стојанче Стоилов.
„Не се плашам од Кире Лазаров, најголемиот ракометар во историјата на својата земја и еден од најголемите европски ракометари, ниту од голманот Ристовски, не се плашев ниту од Миркуловски и Наумче Мојсовски додека играа, иако беа навистина одлични играчи, а не се плашам ниту од помладиот Манасков, ниту од тренерот Гонзалез. Секогаш најмногу се плашам од…Стоилов“, ја започнува својата колумна Младен Милетиќ.
Потоа тој го опишува силниот карактер на нашиот Столе…
„Кога тој го претрчува теренот салата се тресе, кога ќе постигне погодок стаклата пукаат, кога ќе ги крене рацете кон навивачите и децата почнуваат да плачат, па дури и ако не те интересира кој ќе победи веднаш почнуваш да наввиваш за Македонија или Вардар“.
„Тој е играч, но и човек со му*а и карактер како Шар Планина, вистински патриот“.
Милетиќ истакнува дека кога би имал клуб би барал на Стојанче да му се купи „златно ланче“ и дека не е случајност што токму тој е единствениот Македонец во шампионската генерација на Вардар.
„Кој е овој дебелиот? Глеј колкав е, а трча побрзо од Копљар“, се коментирало во Хрватска на ЕП во Србија каде што Македонија го освои петтото место.
ТУКА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ВО ЦЕЛОСТ КОЛУМНАТА ЗА НАШИОТ СТОЛЕ.